вторник, 15 октомври 2024

Алтернатива: ДУИ и СДСМ се честат со државен имот, а граѓаните гласаат „со нозете“ бегајќи од државава

Објавено на

часот

Сподели

„Бесрамната и недостоинствената реакција на премиерот Ковачевски за бизнисите на неговата сопруга, но и на вицепремиерот Груби за фирмите на неговиот брат, кои си се помагаат од буџетот, покажува дека овие луѓе немаат срам.

Тие,  чии усти се полни со Европа,  забораваат дека за корупцијата и клептоманијата нема место во ЕУ. Всушност, токму овие пороци на ДУИ и СДСМ ја држат земјата подалеку од Европската Унија. Во нормална држава на ЕУ, како што е Шведска, министерката Мона Сахлин поднесе оставка бидејќи си купила чоколадо – тоблероне со службената картичка. Додека ДУИ и СДСМ, поточно Груби и Ковачевски, се однесуваат без срам и кога ќе се откријат афери тешки стотици илјади и милиони.

Алтернатива бара од правосудните органи итно да ги истражат индициите за судир на интерес, корупција и злоупотреба на службената положба во случаите на членовите на семејството на премиерот и вицепремиерот.

Кражбата на ДУИ ги чини Албанците. Не само затоа што буџетот за канализација, патишта и градинки оди во џебовите на ДУИ, туку и поради националните компромиси што ги прават за продолжување на  тендерократијата“, се вели во соопштението на Алтернатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ