Кога играше во голема форма предвидувањата беа дека Алкараз има потенцијал да ги сруши сите рекорди, доколку нема соодветна конкуренција, но од пред извесно време работите не се одвиваат така.
Алкараз се мачи да ја најде формата од минатата сезона, но се мачи и со повреди.
На турнирот во Рио де Жанеиро, уште во третиот гејм од мечот го предаде дуелот со Монтеиро. При 1-1 во првиот сет, Алкараз го свитка зглобот и не можеше да продолжи.
Му беше укажувана лекарска помош која не вроди со плод и тој мораше да прекине.
Алкараз минатата сезона го освои овој турнир, а тоа значи дека ќе загуби бодови на АТП листата.
Jugando con Monteiro que pasa a siguiente ronda en #RioOpen
Carlos Alcaraz sufre esta lesión en el tobillo Ánimo “Carlitos” dice adiós a #RioOpen10Anos
🎾— ཛ〽️♪╚♪º/▌ ✧ 𝕏 (@emilioantonio08) February 21, 2024