Вчерашната победа беше доволно висока за да може денеска и со полабав пристап да се обезбеди осминафиналето. Момците на Кире Лазаров остварија уште еден триумф иако не убедлив како вчерашниот.
Алкалоид тргна моќно и на овој меч, во текот на првото полувреме во еден момент македонскиот тим имаше и седум гола предност, беше 15-8. Вест Виен намали на 16-12 до крајот на полувремето.
Во вториот дел австрискиот тим успеа уште малку да одземе од водството на Алкалоид, конечниот резултат беше 32-29.
Најефикасни во редовите на Алкалоид беа Мартин Серафимов и Александар Петковски кои постигнаа по седум голови, додека Мелешниг погоди пет пати за Вест Виен.