среда, 22 јануари 2025

Алкалоид АД Скопје со четири признанија на годишните награди на Македонската берза

На свечената церемонија по повод доделувањето на годишните награди на Македонската берза за 2024 година, која се одржа на 16 декември 2024 година, Алкалоид АД Скопје ги доби престижните награди за: Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на медиумите, Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на пазарните учесници, Акција на годината врз основа на резултатите од гласовите на пошироката јавност од заедничката анкета на Македонската берза и на порталот „Фактор“ и наградата за Добри ЕСГ-практики доделена од Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Признание за Најтранспарентно котирано акционерско друштво компанијата освојува по 12-ти пат и со тоа ја потврдува посветеноста на Алкалоид АД Скопје кон највисоките стандарди на корпоративно управување.

Транспарентноста во работењето и квалитетната комуникација со сите засегнати страни – инвеститорите,  институциите, медиумите и јавноста – се основните вредности кои доследно ги негува компанијата.

Наградите ја одразуваат решителноста на Алкалоид за одговорно работење, како и успешната имплементација на моделот за одржлив раст и развој. Наградата за добри ЕСГ-практики е значајно признание за успешната имплементација на ЕСГ-стандардите во работењето и за нивната интеграција во деловните стратегии, како и доказ за довербата која ја имаат сите засегнати страни во компанијата, а која ја мотивира да продолжи со постигнување врвни резултати и со создавање долгорочна вредност за инвеститорите, заедницата и за идните генерации.

Посветен на јасна предвидливост и на високи перформанси  Алкалоид АД Скопје ќе продолжи да ги зајакнува овие принципи во годините што следуваат, останувајќи лидер во деловната етика и во корпоративната одговорност.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ