Според Ахмети, „Охридскиот мировен договор е историски документ, кој стави крај на една војна и ги постави темелите за праведно и еднакво општество“.
Во соопштението на ДУИ за вчерашниот партиски собир во Гостивар се истакнува дека Охридскиот договор е „мировен договор кој не може да биде доведен во прашање“. или повторно преговаран од никого, а особено не од орган што нема ниту надлежност ниту легитимитет за тоа“.
„Тоа е мировен договор кој не може да биде доведен во прашање, или повторно преговаран од никого, а особено не од орган што нема ниту надлежност ниту легитимитет за тоа.
Законот за јазици, кој е дел од Охридскиот договор, ги гарантира еднаквите права за сите граѓани и претставува извонредно достигнување за мултиетничкиот соживот во Македонија.
Одлуката за отворање дебата за него е еднаква на обид за укинување на мировниот договор и создавање непредвидливост за иднината“, рекол Ахмети.
Исто така,Али Ахмети истакнал дека Охридскиот договор е неприкосновен и дека секој обид за негово нарушување ќе наиде на силен отпор од Албанците и од ДУИ.
Тој ги повикал сите политички субјекти, граѓанското општество и граѓаните да се мобилизираат за заштита на ова историско достигнување и да не дозволат придобивките од мирот и стабилноста да бидат загрозени.
„Охридскиот мировен договор не е и нема да биде предмет на повторно преговарање. ДУИ останува посветена на заштитата на достигнувањата на Албанците и на изградбата на стабилна и праведна иднина за сите граѓани на Македонија“ се наведува во соопштението на ДУИ.