понеделник, 11 ноември 2024

Али Ахмети има пет приоритети и желба Вреди да ја напушти Владата

Евроинтеграции, ветинг, проверка на имотот на сите функционери, истрага за приватизацијата и почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес, се приоритетите на ДУИ кои денеска на својот фејсбук-профил ги објави лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Тој ја повика коалицијата Вреди да ја напуштат Владата и да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници.

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја. Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг. Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години. Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес. Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците.

П.С. За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Вреди нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници“, напиша Ахмети.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ