вторник, 8 октомври 2024

Албански медиум: Самоопределување на Курти – политичка партија или нарко-клан?

Објавено на

часот

Сподели

Меѓутоа, Албаниан пост јавува дека ова не е првиот соработник на косовскиот премиер Аљбин Курти кој е приведен за наркотици.

На почетокот на овој месец, поточно на 5 август уапсен е и активистот на Самоопределување Ерблин Шаља. Според истиот медиум, тој е уапсен во својот локал Линден бар со уште три лица. Во таа прилика полицијата запленила „значително количество кокаин и пари“.

Шаља претходно се нашол на фотографии во придружба на пратеникот Арбер Реџај, Арстан Абраши и поранешниот претседател на оваа партија во Призрен Митахер Хаскука. Активистот бил виден на собир на кој присуствувал и самиот Курти.

Пратеникот на Самоопределување Висар Кореница, на прашањето дали слушнал за овој случај, кажал дека не и дека „не може да ги знае сите активисти, туку само оние кои се попознати“.

И одборникот на движењето од Призрен Илир Гаши навел дека не знае дека на неговиот сонародник му биле ставени лисици на рацете, но дека слушнал дека во неговиот бар е извршена рација.

Додека сопартијците тврдат дека ништо не знаат за апсењето на активистот, полицијата објави официјално соопштение за истрагата.

„Со претресот на локалот се најдени и одземени: опојна супстанца кокаин, готовина, мобилен телефон, опојна супстанца за која се сомнева дека е марихуана, вага, мелница и нож“, се наведува во соопштението.

Шаља и Мујеци, меѓутоа, не се првите членови на движењето кои се вмешани во продажба на наркотици.

Медиумите во 2019 објавија дека внуци на поранешниот пратеник на Самоопределување Назлие Бала се уапсени за производство и продажба на наркотици. Тогаш Управата за истражување трговија со наркотици нашла две софистицирани и добро прикриени лаборатории за преработка на наркотици, а уапсени се четворица осомничени.

Истата година пратеникот на Алијанса за иднина на Косово Арбер Реџа беше обвинет дека „имал досие за поврзаност со наркотици“ за време на предизборната кампања за националните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ