недела, 13 октомври 2024

Албанската полиција спречи шверц на дрога, оружје и муниција наменети за македонскиот пазар

Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога, оружје и муниција што теребало да бидат прво внесени, а потоа и продадени во Македонија.

Фото: МВР на Албанија

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата во акцијата „Вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А. жител на Фуш Круја кој во автомобил тојота превезувал две вреќи со вкупна тежина од 27,3 килограми канабис.

„На влезот во градот Елбасан се уапсени С.М. и сопатникот А.М., двајцата жители на Дивјак. Во автомобил ауди полицијата пронајде едно парче огнено оружје калашников и 114 куршуми. Во двата случаи крајната дестинација на заплената била Северна Македонија“, пишува во полициското соопштение.

Доказите се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Елбасан за понатамошни дејствија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ