Кенет Јуџин Смит, кој преживеа претходен обид на државата Алабама да го убие со смртоносна инјекција во 2022 година, треба да биде погубен во четврток со нов метод.
Со пресуда на федералниот суд во Алабама е одлучено дека на крајот на овој месец може да се продолжат егзекуциите со азот, што ќе биде првпат во историјата смртната казна да биде извршена со задушување со овој вид на гас.
Државата тврди дека азотот брзо ќе предизвика онесвестување, но критичарите го споредија никогаш користениот метод на погубување со експериментирање со луѓе.
Ниту една држава не користела азотна хипоксија за извршување на смртната казна. Во 2018 година, Алабама стана третата држава – заедно со Оклахома и Мисисипи – која одобри употреба на азотен гас за егзекуција на затвореници.
Некои држави бараат нови начини за егзекуција на затвореници бидејќи се потешко можат да се најдат барбитуратите (хипнотици) кои се користат во смртоносните инјекции, најчестиот метод на егзекуција во САД.