Клубовите од Саудиска Арабија беа прилично мирни во зимскиот преоден рок, но се очекува летоска да има нова офанзива и обид да се примамат звучни имиња.
Како што пренесува Атлетик, Мохамед Салах и понатаму е при врот на листата со желби, Ал Итихад ќе има нов обид да го ангажира напаѓачот.
Клубот од Џеда е подготвен да го направи Египјанецот најплатениот фудбалер во историјата и за неговите услуги да одвои 200 милиони фунти (преку 230 милиони евра).
Ливерпул тешко ќе може да одолее на една ваква сума, со оглед на тоа дека Мохамед Салах е под договор до јуни 2025 година.