Активни се девет пожари, во Мариово огнена линија од 30 километри
Шест денa не стивнува пожарот во Мариово, а огнената линија веќе се прошири на повеќе од 30 километри. И денеска повеќе од 200 војници, полицајци, пожарникари и локалци се на терен во заштита на населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека се надминати опасностите за селото Крушевица и за манастирот „Свети Никола“ во Прилепец. Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активни се девет, под контрола е еден и изгаснати се шест.
Објавено на
часот