Активистите во отворено писмо го повикаа папата Франциско да го спречи сечењето на дрвото следната недела пред да биде пренесено на плоштадот Свети Петар и да биде откриено на 9 декември, објави Гардијан.
Над 40.000 луѓе ја потпишаа петицијата, а жителите на Ледро, гратче со околу 600 жители, наводно планираат протест со блокада на патиштата за да спречат транспорт на елката во Рим.
Елка во долината Ледро во провинцијата Трентино е висока 29 метри.
Активистите тврдат дека уште 39 стебла ќе бидат исечени и испратени во Ватикан за да бидат украсени за Божиќ и дека тоа ќе чини 60.000 евра.
Властите ги демантираа овие тврдења, наведувајќи дека сечењето и транспортот на 200-годишната старата елка чинат 6.000 евра.
Традицијата со божиќна елка во Ватикан започна во 1982 година.