На новинарско прашање во Гостивар на настан за промоција на бесплатна правна помош тој кажа дека доколку францускиот предлог не биде прифатен во Собранието и не поминат уставните промени, партијата ќе гради нова стратегија.
„Ние како партија имаме конзистентен став по ова прашање и ќе ги поддржиме, но мислам дека ако не успеат уставните промени, во Македонија ќе се отвори Пандорината кутија. Во тој случај мислам дека ќе се отворат многу проблеми коишто можеби тлеат кај луѓето и кај политичките партии коишто не досега не се кажани, а можеби во наредниот период ќе бидат кажани. А Алијанса за Албанците ако не поминат уставните промени, нормално ќе си има своја стратегија како понатаму ќе продолжиме со нашата стратегија“, рече Таравари.
Околу контактите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дали се водат разговори, Таравари потврдно одговори и потенцира дека во ВМРО -ДПМНЕ има членови кои поинаку мислат од раководството
„Официјално не сме разговарале, но не можам да кријам дека имаме канали на комуникација и со нив, луѓе коишто се членови на ВМРО ДПМНЕ. Знам за неколкумина таму коишто мислат поинаку отколку актуелното раководство, меѓутоа повторно би кажал дека тоа е одлука на партијата, дали некои пратеници би гласале поинаку тоа не и сакал да влегувам во такви шпекулации. Но дека има мислење спротивно од тоа што го кажуваат на прес конференции и јавно, постои дефинитивно во ВМРО ДПМНЕ; меѓутоа, јас мислам дека постојат шанси и целата партија некако, со нови услови, да одлучат поинаку во претстојниот период, се надевам дека ВМРО ДПМНЕ ќе собере сили за да поминат уставните промени“, подвлече Таравари.