четврток, 27 февруари 2025

АХВ нареди уништување на 1.980 килограми замрзнато пилешко месо од Полска

Ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител.

Објавено на

часот

Сподели

Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.

Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 Целзиусови степени) и без никаква документација за потеклото –  ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот, соопшти АХВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ