среда, 11 декември 2024
Прес-конференција на лидерот на ДУИ по обраќањето

Ахмети се закани дека ќе излезе од власта ако претседателот не се избира во Собрание

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети на прес конференција по обраќањето до јавноста во кое најави дека кандидат за претседател на Македонија ќе биде Бујар Османи, потврди ушпе еднаш дека партијата е подготвена да оди во опозиција доколку „во следната битка“ не се прифати барањето во парламентот да се избира претседател и заменик претседател на Македонија. На прашањето зошто тој лично нема да му биде противкандидат на Арбен Таравари, Ахмети рече: „Затоа што јас играм во супер лига, а тој во локална лига“.

Објавено на

часот

Сподели

„Со избор на претседател и заменик претседател на државата ќе заштедиме средства од буџетот и тоа повеќемилионски суми, а ефектот ќе биде поголем со позитивна порака која ќе влијае во зближување на етничките заедници. ДУИ и јас на чело на ДУИ, за речиси 25 години сме извојувале само победи на централно и локално ниво, сум верувал тогаш и денес верувам дека претседателот на државата, ако не денес, утре ќе биде и Албанец во Република Северна. Формулата веќе сме ја објавиле 2/3 мнозинство со Бадинтер доколку се согласат мнозинство на пратеници. Тој претседател ќе продуцира стабилност и зближување на граѓаните, ќе значи консезуалност“, рече Ахмети.

На прашањето зошто не одговори на барањето на Арбен Таравари да му биде противкандидат за претседател, Ахмети рече дека му се заблагодарува за понудата.

„Јас играм во супер лига, а Таравари во локална лига“, рече Ахмети.

Новинарите прашаа доколку Таравари се пласира во втор круг, дали значи тоа дека ќе го бојкотираат, Ахмети рече дека бојкот не е средство во демократија и дека не се дискутира за тоа.

Ахмети посочи дека ДУИ е подготвена за разговор и соработка со секоја партија која е за напредок на земјата во евроинтеграцијата, но не и со другите.

„Секоја политичка партија која го оспорува Охридскиот рамковен договор, Договор за добрососедство, Преспанскиот договор, која ја оспорува независноста на Косово, со нас не може да има дијалог. Како што сме биле подготвени да се откажеме од нашиот мандат кој сме го добиле од граѓаните, за да ги претставиме во институциите на државата, за овие ставови принципиелно се повлековме колективно, како влада со услов да се усвојат уставните промени, бидејќи така мислиме дека вршиме услуга на државата. Така мислиме да ја градиме иднината на новите генерации“, истакна Ахмети.

Тој рече дека ги охрабрува сите партии да се приклучат на нивниот Европски фронт затоа што има историски момент за државата., а испрати и директна покана до Зијадин Села, односно до неговото крило во Алијанса за Албанците.

„Сум разговарал со сите политички партии, како што сум разговарал и со опозицијата која е обединета. Ќе видиме како ќе се движи Зијадин Села со неговата партија. Инаку, поканата е отворена ако има добра волја и Села да му се придружи на овој фронт, ги охрабрувам сите партии. Овој момент е историски момент за нас, за државата, овој фронт да биде поетаблиран и поорганизиран. Села секако ќе дискутира за одлука.  Мое мислење е дека треба да објави некаков. Волја постои за заедничкиот Европски фронт“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ беше прашан дали ќе се повлече ако изгуби неговата партија на избори.

„Иако ќе размислам дали да се повлечам, ДУИ не ми го дозволува тоа, оваа комоција не ми ја дозволува. Но, ДУИ не знае за порази“, рече лидетот на ДУИ.

„Не сум разговарал никогаш за број на пратенички места што можеме да ги добиеме на изборите, затоа што знам да правам грешки. Всушност, секогаш сме освојувале повеќе пратеници отколку што сум мислел“, одговори Ахмети и на прашањето колку мандати очекува да добие во Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ