среда, 6 ноември 2024

Агенција на ОН: Во реките минатата година имало помалку вода отколку во последните 30 години

Во реките низ светот во текот на 2023 година имало помалку вода отколку во кој било момент во последните 30 години, се наведува во извештајот на метеоролошката агенција на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во документот објавен од Светската метеоролошка организација (СМО), се наведува дека глобалните нивоа на вода во последните пет години се значително под долгорочниот просек.

Падот на нивото на водата го предизвикале климатските промени, а дополнителни ситуацијата ја влошил временскиот феномен Ел Нињо, кој природно се јавува на неколку години и влијае на врнежите низ светот.

Минатата година била најтопла во историјата, а глечерите изгубиле повеќе мраз отколку во последните 50 години, се наведува во извештајот ан СМО.

Но, не се сите реки еднакво погодени. Според податоците на СМО, нивоата биле под долгогодишниот просек во сливот на Мисисипи во Соединетите Американски Држави, во базенот на Амазон во Јужна Америка и во сливовите на реките Ганг, Брамапутра и Меконг во Азија, како и во други реки во источна Африка, северниот дел на Нов Зеланд, на Филипините и во северна Европа.

„Водата е како канаринец во рудник на јаглен за климатските промени“, кажа генералната секретарка на СМО Селест Сауло, мислејќи на старата традиција кога луѓето носеле канаринци со себе во рудниците бидејќи птиците побрзо се онесвестуваат од луѓето. Тоа служело како рано предупредување на потенцијално смртоносен исход на нивоата на јаглерод моноксид во рудникот.

„Постојано ни стигнуваат сигнали за опасност во облик на сè поекстремни врнежи, поплави и суши кои нанесуваат големи штети во животи, на екосистемите и економиите, а сепак не ги преземаме потребните мерки“, кажа таа.

Според податоците на ОН, дури 3,6 милијарди луѓе, што е повеќе од 40 отсто од светската популација, немаат доволно вода барем еден месец во годината.

Пресметките по модели упатуваат дека таа бројка ќе порасне на 5 милијарди до 2050 година.

Извештајот на СМО, меѓу другото, го документира нивото на водата во езерата и реките, влажноста на тлото и висината на глечерите и снегот. Но, бројни земји не успеваат да придонесат на податоците на студијата, бидејќи им недостига еден параметар кој вклучува податоци само за 30 земји.

Во такви случаи СМО користи пресметки по модели за да се пополнат празнините, но повикува на итно собирање повеќе податоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ