вторник, 14 јануари 2025

АфД ја претстави својата прва кандидатка за канцеларка

Крајно десната Алтернатива за Германија (АфД) ја номинираше денес лидерката на партијата Алис Вајдел како главна кандидатка за претстојните избори, што е првпат антиемиграциската и евроскептична партија да номинира кандидат за канцелар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Извршниот одбор и регионалните партиски одбори се сложија на состанокот во Берлин Вајдел да биде главната партиска кандидатка.

„Денес е голем ден за партијата и голем ден за Германија“, кажа Вајдел на заедничката конференција за новинарите со потпретседателот на партијата Тино Хрупала.

Вајдел одлуката АфД да номинира кандидит за канцелар ја објасни со тоа што нејзината партија има право на власт, повикувајќи се на анкетите.

АфД, формирана во 2013 и првпат влезе во парламентот во 2017, во моментов има меѓу 18 и 19 отсто од гласовите, што ја става на второ место зад конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ со 32 до 33 отсто.

Владејачката Социјалдемократска партија на канцеларот Олаф Шолц во моментов има едвај 18 отсто гласови.

Трипартиската коалиција на Шолц се распадна на почетокот на ноември откако канцеларот го разреши поранешниот министер за финансии Кристијан Линднер по неколкумесечната расправа околу економската политика и буџетот за 2025 година.

Шолц најави гласање за доверба на крајот на овој месец, по што следуваат предвремените избори на 23 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ