петок, 13 декември 2024

АЕК ги доби документите од унгарскиот мобилен оператор 4иГ за влез на македонскиот пазар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека унгарската компанија 4иГ и официјално изразила интерес за влез на македонскиот пазар што, вели, ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператори во земјава и намалување на цените за мобилни услуги.

Објавено на

часот

Сподели

„Унгарската компанија денеска официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации и изразија интерес за трет мобилен оператор. Сега веќе АЕК треба да ја води постапката и се надевам дека ќе оди во правилна насока и дека конечно овој дуопол кој што го имаме на пазарот на два оператори, кои што буквално ги цицаат македонските граѓани ќе биде разбиен и ќе може да имаме трет оператор кој што ќе понуди услуги за помалку пари“, истакна Николоски во „Само Интервју”.

Тој потенцираше дека секоја друга компанија може да конкурира, а целта е да се обезбедат поевтини услуги за граѓаните.

Николоски образложи дека ваквата одлука следи откако мобилните оператори во земјава не направиле ништо во изминатите четири месеци да ги подобрат условите.

„Ниту ги намалија цените, ниту ги подобрија услугите, ниту го почитуваат законот“, истакна Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ