сабота, 9 ноември 2024
Аргентинецот се пријави на лечење во клиника

Адвокатот ја појаснува состојбата на Лавеци: Нема проблеми со дрога и алкохол, има ментално нарушување

Адвокатот на Езекиел Лавеци, Маурисио Д’Алесандро ја појасни состојбата на поранешниот фудбалер, вели дека Аргентинецот нема проблеми со дрога или алкохол, има ментално нарушување.

Објавено на

часот

Сподели

Езекиел Лавеци се најде во фокусот на фудбалската јавност откако два пати беше хоспитализиран за помалку од еден месец.

Оваа недела, новинарка од Аргентина откри една епизода на екс-фудбалерот, наводно Езекиел Лавеци почнал да слуша гласови во главата, мислел дека го бркаат, се исплашил па земал ножици и почнал да се боде во стомакот.

Неговиот адвокат сега ја појасни ситуацијата, вели дека Аргентинецот нема проблеми со дрога или алкохол, има ментално нарушување.

„Среде ноќ му се слушнале некои гласови, мислел дека некој дошол во куќата и се случи тоа што се случи. Кога ја напушти болницата, се обиде сам да ја надмине кризата, но не успеа, па се пријави во специјализирана клиника“ – вели Маурисио Д’Алесандро.

„Ќе остане на третман околу 20 дена, па во зависност од тоа каква ќе биде неговата состојба, ќе се одлучи дали да продолжи со третмани или ќе биде пуштен дома“.

„Нема проблеми со дрога или алкохол, страда од хипоманија и нарушено расположение. Се работи за ментално нарушување, поради кое може сам да се повреди. Имаше проблеми и во минатото“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ