вторник, 10 декември 2024

Адмирал на НАТО откри што ја спречува Алијансата да испрати трупи во Украина (ВИДЕО)

НАТО одамна би испратил трупи во Украина, но Русија има моќен нуклеарен арсенал, изјави шефот на воениот комитет на Северноатлантската алијанса адмиралот Роб Бауер на одбранбен самит во Чешка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бауер истакна дека присуството на нуклеарното оружје на Русија е нејзината клучна разлика од другите противници на западниот воен пакт.

„Апсолутно сум убеден дека кога Русите би немале нуклеарно оружје, ние одамна би биле во Украина и би ги исфрлиле од таму. Но, тие имаат нуклеарно оружје. Значи, не е исто како во Авганистан“, кажа Бауер.

Тој кажа дека за него е голема разликата меѓу Авганистан и Украина, односно дека Авганистан никогаш немал стратегиско значење.

„Дали Украина има стратегиско значење? Да. Затоа што е поврзана со расправата за меѓународниот поредок заснован на правила, поврзана е со она што е во срцето на Европа, како и со амбициите на Русија и, индиректно, со амбициите на Кина“, наведе адмиралот на НАТО.

Бауер истакна дека „рускиот нуклеарен арсенал останува најголем во светот, и дека заедно со американскиот сочинува 90 отсто од светските залихи на нуклеарно оружје“’.

Идејата за испраќање НАТО трупи во Украина неколку пати е спомната од почетокот на конфликтот во Украина.

Во февруари францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека не исклучува испраќање западни трупи во Украина, но повеќето сојузници на Киев, вклучувајќи ги Германија и САД, ја отфрлија таквата идеја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ