сабота, 2 ноември 2024
Прес-конференција на ДУИ

Адеми: ВМРО-ДПМНЕ и Вреди сакаат кај една фирма да остане монополот на игри на среќа

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми ја демантира опозициската коалиција Вреди која денеска на прес-конференција во законодавниот дом ја обвини власта дека предлог-законот за игрите на среќа во членот 10 предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината. Адеми вели интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на албанската опозиција е да не се донесе овој закон, за како што рече, да продолжи монополот на фирма која е основана на криминален начин пред неколку години.

Објавено на

часот

Сподели

„Некој упорно сака да го штити тој монопол, а зошто сака да го штити тој монопол, треба да истражите и тие треба да одговараат пред јавноста. Зошто да нема либеризација на пазарот, прашувам? Зошто уште треба да вложуваме напори за да го штитиме монополот на одредена фирма која е основана на криминален начин“, рече Адеми.

Барањето на ДУИ, рече Адеми, било отстранување на објектите на 1.000 метри од средните и основните училишта, но како што рече, за обезбедување на консензус во законодавниот дом, тие прифатиле одредба каде што е предвидено 500 метри дистанца.

Додаде дека опозицијата со амадман предложила да се намали дистанцата од 500 на 250 метри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ