среда, 22 јануари 2025

АД ЕСМ работи на вклучување на ТЕ Битола 1, засега два термоблока во РЕК Битола се исклучени од мрежа

Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од функција изутрината во 8:22 часот поради активирана заштита. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби, соопшпти АД ЕСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за повторно вклучување на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција“, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ