вторник, 15 октомври 2024

AA: Нов министер за здравство ќе биде Илир Демири, а за информатичко оштество Наим Бајрами

Во најновото соопштение од официјалниот мејл на Алијанса за Албанците (АА), зад кое стои крилото на поранешниот претседател Зијадин Села, се вели дека заседавал Управниот совет на партијата и со 5 од 7 гласа на членовите е донесена одлука на две од трите министерски позиции што ги има АА во Владата, да бидат именувани за здравство Илир Демири, а за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Вчера Кадровската комисија на АА побара од владата да бидат разрешени министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу,

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:

– За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

– За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки“, се вели во кусото соопштение.

Ова е само едно од серијата соопштенија со кои, меѓу другото беше закажан состанок на Централното собрание за во сабота во Скопје, како и барање до Владата за разрешување на двајца од тројцата министри од редовите на АА, а не беше побарано да се разреши министерот за правда, Кренар Лога, кој во партискиот суди, не е на страната на лидерот Арбен Таравари, туку на страната на поранешниот лидер, Зијадин Села, кој е претседател на Центарлното собрание.

Во меѓувреме, лидерот Таравари,преку пораки од мобилен телефон ги повика утре на состанок во Куманово членовите на Центарлното собрание.

Со други зборови, започната е битката за партискиот печат, а вистинското пребројување кој на чија страна е, започнува утре, кога во Куманово лидерот Таравари ќе го има вистинскиот тест дали ги има конците од партијата во свои раце.

Од друга страна, и за техничката влада и владините коалициски партнери случувањата во Алијанса за Албанците претставува тест, како да се постави и како да постапува кон функционерите од таа партијата имајќи предвид дека СДСМ и ДУИ сметаат на некаква форма на изборна соработка со Алијанса, како свој владин партнер.

Вчера, на седница на техничката влада беа разрешени директорите на Пошта и на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции, кои се на странаа на Таравари, а за нивно разрешување гласале и двајца заменици министри од редовите на АА, но кои се приврзаници на Села.

Расколот на партијата започна со ставот на Таравари партијата да премине во опозиција и на изборите да настапи со опозициската коалиција Европски сојуз за промени. Села веднаш реагираше повикувајќи се на претходна одлука на партиското собрание за самостоен настап на изборите.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ