среда, 11 декември 2024

АА: МВР како што итно ги најде оние кои го запалија македонското, да ги најде и оние кои го палеа албанското знаме

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да постапи итно и како што постапи со откривањето на авторите на државното знаме, со иста итност да постапи и против оние кои го запалија албанското знаме, велат од Алијанса за Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму додаваат дека доколку оваа акција изостане, тогаш уште еднаш ќе се истакне дека законот и органите на прогонот се селективни во оваа земја и дека дејствуваат само кога Албанците треба да бидат казнети.

„Ги повикуваме и губитниците во Владата, коалицијата вреди, еднаш да се ангажираат во корист на Албанците, во одбрана на националното знаме и во донесување правда и еднаквост за граѓаните во државата. Скандалозна е нивната реакција каде од почеток до крај не се ни осмелуваат да го спомнат палењето на албанското национално знаме. Дали ова значи дека некој друг ги пишува соопштенијата а тие само ги преведуваат!? Ваквото селективно однесување на институциите само кон една етничка заедница, додека толерираат и привилегираат друга заедница, служи само за продлабочување на меѓуетничкиот јаз, зголемување на недовербата на граѓаните кон државата и институционалната дискриминација“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ