сабота, 14 декември 2024

Бројот на повици на директната линија на Путин надмина 800.000

Бројот на повици на директната линија на рускиот претседател Владимир Путин надмина 800.000, објави „Вести“, повикувајќи се на податоци од коалицијата Народен фронт на каналот Телеграм.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На директната линија со Владимир Путин од 12:00 часот по московско време се примени 818.154 барања“, се наведува.

Како што јави агенцијата РИА Новости, Путин на 11 декември, при посетата на изложбата посветена на развојот во областа на вештачката интелигенција, рекол дека веќе знае на кои прашања треба да подготви одговори.

Според него, Русите се најзаинтересирани за квалитетот и достапноста на становите, транспортната инфраструктура, медицината, владините агенции и организации и бенефициите.

Оваа година, директна линија во живо, во комбинација со прес-конференција, кога Путин ќе одговара на пристигнатите прашања, ќе се одржи на 19 декември.

Емисијата под наслов „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува напладне по московско време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ