Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека на Попова Шапка има девет сантиметри снег.
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид – 1 литар на метар кавдратен.
УХМР информира дека во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно и ветровито. Дуваше претежно северен ветер кој долж Повардарие и на исток беше засилен. Утринава најсилен е ветерот во Штип и достигнува брзина од 40 километри на час, а засилува и ветерот во Скопската котлина.
Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Од изутрина и преку денот ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.