среда, 9 октомври 2024

75-годишна кичевчанка починала во пожар во Кавадарци

Рано изутрина во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј. Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, кичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот го изгаснал неговиот татко на Т.Ј., а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција“, се појаснува во соопштението.

Вчера пак, во 13:52 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во објект – колиба на кавадаречко место викано Глувчовец, сопственост на 66-годишната Т.Н. од овој град.

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица – Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци“, пишува во соопштението на СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ