Двајца од брзите возачи, како што информира МВР, возеле со брзина од над 70 километри повеќе од дозволената брзина, а 11 со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.
Полицијата во Скопје им напиша казни на вкупно 154 возачи, од нив на 17 за брзо возење, 10 лица возеле, а немале возачка дозвола, десет возачи се казнети затоа што користеле мобилен телефон, четири автомобили биле нерегистрирани, а четворица се казнети затоа што поминале на црвен семафор.