„Обвинетиот, на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман, спречил новинари и сниматели да вршат службени дејствија, односно да снимаат прилог за сообраќајна несреќа. Тој најпрвин со агресивен тон и навреди се обратил кон снимател на Телевизија 24 и кон новинар на МРТ, а потоа со ногата удрил во сталакот на една камера и ја оштетил. На овој начин новинарите биле спречени во нивната работа и го прекинале снимањето“, информираа од Јавното обвинителство.
Со последните измени на Кривичниот законик, напад на новинарски екипи се квалификува како напад на службено лице.