петок, 21 март 2025

„360 степени“ не е дел од судскиот процес против Османи

Редакцијата на порталот „360 степени“ во реакцијата на текстот објавен на МКД.мк („Османи повторно не се појави на судењето против него, судот судеше во негово отсуство“) информира дека тие од лани не се дел во овој процес. 

Објавено на

часот

Сподели

„Основниот граѓански суд Скопје уште на 12 октомври 2023 година донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на Бил Николов и ММДЧП против ‘360 степени’ и главниот уредник Васко Попетревски. Овој факт не е наведен во вашиот текст со што ги доведувате во заблуда читателите, а го нарушувате и угледот на ‘360 степени’“, се вели во реакцијата на порталот.

Редакцијата на МКД.мк им се извинува на колегите за овој превид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ