За брзо возење се изречени 105 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се и 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење сигурносен појас, а напишани се и друг вид на казни за прекршоци во сообраќајот.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.