четврток, 12 декември 2024

30 дена притвор за момче кое се обидело да силува две битолчанки

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела полов напад и силување.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Против осомничениот е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември годинава, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот. Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од судот е прифатена“, информираше Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ