петок, 4 октомври 2024

28 случаи на голема кашлица во Скопје, секој сомнителен случај се праќа на тестирање

Во Скопје досега се потврдени 28 случаи на голема кашлица, информираат од градскиот Центар за јавно здравје. Според препораката од Институтот за јавно здравје, матичните лекари треба при секој преглед да го проверат вакциналниот статус на секое дете до 14 години и да ги упатат на вакцинација невакцинираните деца.

Објавено на

часот

Сподели

Вакцината против големата кашлица е најдобрата превентива, потсетува Центарот за јвано здравје и апелира до родителите да се вакцинираат нивните деца. Како што нагласуваат, вакцината која се прима на 2,4,6,18 месеци и на 7 години е клучна за да се спречи понатамошно ширење на болеста.

Според Институтот за јавно здравје, заболените лица се на возраст од 1 месец до 23,5 години (медијана 2,5 години). Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години.

Институтот упати препорака до сите матични лекари при прегледи задолжително да го проверуваат вакциналниот статус на сите деца до 14 годишна возраст и сите пропуштени и невакцинирани деца да ги упатуваат на вакцинација. Секој сомнителен случај на бактеријата да го упатат на тестирање и потоа да го пријават.

Се нагласува дека „браната“ против големата кашлица е 95-процентен опфат со вакцината. Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време.

УНИЦЕФ изрази загриженост од растечкиот број случаи на голема кашлица во земјата и од вестите за случаи со мали сипаници во регионот и се придружи кон повикот на здравствените експерти, до родителите и старателите, да ги вакцинираат децата што пропуштиле вакцинација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ