Регионалниот ЦУК Скопје известува дека вчера во 14:15 часот било пријавено дека горти ниска шума и бегетација меѓу селата Зелениково и Градовци (Општина Зелениково). Овој пожар беше брзо изгаснат, како и двата пожари на територијата на Општина Охрид, по еден во Велес и Штип, шест во Битола, пет во Тетово и 8 изгаснати пожари во Куманово.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.