Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 од нив возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место, соопшти МВР.
Министерството укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.