среда, 9 октомври 2024

20 невработени лица од Крива Паланка ќе бидат ангажирани во вршење јавни работи од особен општ интерес

Објавено на

часот

Сподели

„До понеделник трае рокот за аплицирање за програмата за работно ангажирање на 20 невработени лица со ниски квалификации за вршење јавни работи од особен општ интерес: од инфраструктурен карактер и заштита и унапредување на животната средина. Преку оваа Програма за работно ангажирање на извршување на јавни работи од една страна  се помага на социјално ранливи групи на лица, подобрување на месечниот семеен буџет, социјализација на истите, промовирање на невработените на пазарот на трудот, а од друга страна пралелно и се спроведуваат активности и работи од јавен интерес за граѓаните и заедницата“, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Временскиот период за ангажирање на невработени лица изнесува 22 работни дена односно еден месец. 

За време на ангажманот корисниците на минимална парична помош нема да го изгубат правото на користење социјална помош.

Пријавувањето започна денес, а ќе трае до 21 август 2023.

Заинтересираните лица  можат да се информират и  пријават  кај определеното лице  за јавни работи  на  контакт  тел. 075 236 557 или во Агенцијата за вработување – Крива Паланка

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ