среда, 22 јануари 2025

20 години затвор за скопјанецот што си ги уби братот и снаата

Врз основа на поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и по спроведена судска постапка, Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда со која Љ.К. од Стајковци, скопско го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од 20 години за сторени две кривични дела свирепо убиство.

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава поднесе обвинение со кое обвинетиот го товареше дека на свиреп начин и при вршење семејно насилство на 14 мај 2024 година со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи.

„По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди“, се наведува во соопштението на ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ