„Во текот на целата своја историја, Неотел беше пионер во освојување на ИКТ технологиите, применувајќи IP телефонија, фиксен безжичен интернет преку WiMAX и IP телевизија, тогаш технологии во зачеток, правејќи секогаш чекор пред времето. Иновативноста и истражувачкиот дух беа резултат на ентузијазмот и компетентноста на тимот на Неоком и академските професори“, изјави директорот. Тој исто така го нагласи значењето на вработените и основачите на компанијата, кои со својата визија и посветеност го поставија патот кон успехот.
Во своето обраќање, Цветковски додаде: „Од самиот почеток, моторот на нашата компанија беа млади инженери кои ги заменија универзитетските клупи со канцелариски бироа, компјутери, мрежна и комуникациска опрема. Тие се развија во извонредни професионалци и денес, со истиот ентузијазам како и тогаш, продолжуваат да работат со страст и посветеност.“
Настанот ја потенцираше долгогодишната посветеност на Неотел кон иновации, високи стандарди и професионализам, вредности кои остануваат клучни и за годините што следат.
Како дел од одбележувањето на 20-годишниот јубилејот, Неотел подготви специјална понуда за сите домашните корисници, 50% попуст на сите пакети во првите 12 месеци, како и бесплатен HBO пакет за првите 6 месеци. За повеќе детали проверете на www.neotel.mk