Се стравува дека бројот на загинатите може да се зголеми бидејќи повеќе од десет студенти се пренесени во болница со тешки изгореници, пишува Би-би-си.
Дополнителни спасувачки тимови се на пат кон Академијата Хилсајд Ендараша во Ниерија, изјави портпаролката Ресила Онианго во емисијата на кениското радио Хот 96 ФМ.
Се очекува властите подоцна да објават детален извештај за несреќата, јавува Ројтерс.
„Во пожарот загубивме 17 ученици, додека 14 се повредени. Нашите тимови се на теренот“, изјави Онианго за Ројтерс.
Локалната граѓанска телевизија објави дека телата на учениците биле изгорени до непрепознатливост.
Кенискиот Црвен крст соопшти дека им дава психосоцијална поддршка на учениците, наставниците и на погодените семејства.