недела, 10 ноември 2024
Извештај на ЦУК

16 пожари на отворено за 24 часа, гореле стрништа, депонии, отпад, гуми…

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1.656 повици на 112 во последното деноноќие и 16 пожари на отворено. Уште е активен пожарот во зградата во скопската општина Чаир. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира ЦУК, од 1.656 повици „реални“ биле 58,76 отсто, а 41,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

„Кон полиција биле упатени 60,65 отсто, кон Итната медицинска помош 27,21 отсто, а кон пожарникарите 9,18 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК“, се вели во соопштението.

Во последното деноноќие имало регистрирано 16 пожари на отворено на територија на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, отпад, гуми, сува трева, нискостеблеста вегетација и шума. Сите пожари се изгаснати, а паралелно пожарникарите гаснеле пожари во населени места, села и градови.

Скопските пожарникари во текот на изминатото деноноќие гаснеле повеќе пожари на отворен простор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ