среда, 11 декември 2024

120 хранилки за мечки постави дебарското ловџиско друштво

Објавено на

часот

Сподели

Војника посочува дека ова не би било можно доколку ја немале поддршката од локалната власт на Дебар, од каде ги добиле финансиските средства.

Одлука за преземање на ваква активност била донесена на седница на Управниот одбор на здружението,  по  расправата за тешката ситуација поради голем и неконтролиран број на мечки, но и диви свињи,  кои претставуваат ризик за населението на Дебар и Центар Жупа. –

„Се знае дека е голема  присутноста на мечки,  појава до сега не регистрирана во ова подрачје, а што оправдано предизвикува голема загриженост кај населението. За среќа до сега нема регистриран напад.  Недостигот на храна за дивите животни, е причина за нивно доближување до населените места“, оценува Војника.

Тој со критики до концесионерите, кои, вели, не вршат прихранување, па дивечот  по потрага по храна се доближува до населените места, што дополнително им ја зголемува и агресивноста.

Војника најавува и други вакви акции за што веќе преземаат чекори за обезбедување средства за набавка на храна. 

Инаку, акцијата беше планирана за минатиот викенд, но беше одложена поради невремето што го зафати подрачјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ