По дипломирањето работи во Скопје каде се основа Катедра за дерматовенералогија и е асистент, кој држи и практична настава на новоотворениот Медицински факултет кај професор д-р Доне Миовски.
Со оглед на тоа што Македонија тогаш има само тројца лекари за кожни и венерични болести, а во внатрешноста нема ниту еден, Џамбазовски заминува на работа во родниот Прилеп, од каде прегледува и лекува и во Битола и во тој регион. Бил и директор на прилепската болница, а подоцна па до пензија работи во болницата во Битола. Автор е на повеќе стручни трудови од областа на дерматовенерологијата и учесник на бројни конгреси во странство.
Во текот на својот работен век Џамбазовски бил активен на општествено политички план, па така бил претседател на Општина Прилеп (градоначалник), претседател на ОК на СКМ – Прилеп, член на ЦК на СКМ и во два мандати делегат во Собранието на Социјалистичка Република Македонија (пратеник).
Примариус д-р Спиридон Џамбазовски почина на 13 мај 1991 година во Скопје.