сабота, 9 ноември 2024
Почна празнувањето на 11 Октомври

1.200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме.

Објавено на

часот

Сподели

 

Формирањето на знамето е традиција воспоставена во 2010 година, иако имаше прекин од пет години во време на пандемијата.

 

 

„Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината“, велат од Општина Прилеп.

 

Знамето е со димензии 24 на 12 метри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ