Прага избра друг партнер, Шангај веднаш ги прекина сите односи

Шангај ги прекина сите официјални односи со Прага денес, откако чешката престолнина избра партнерство со Тајпеј наместо со Пекинг.

Канцеларијата за надворешни работи на шангајската општинска управа соопшти дека најостро ја осудува одлуката на Прага и протестира против неа, пренесе АП.

Шангај веднаш ќе ги прекине односите и сите официјални контакти со Прага, се вели во соопштението на шангајската општинска управа.

Овој потег доаѓа еден ден откако Прага потпиша договор за соработка со главниот град на Тајван, кого Кина го смета за одметната провинција.

Минатата година Прага одби да потпише договор со Пекинг кој вклучуваше и клаузула во која било наведено дека градот го поддржува принципот на една Кина.

Чешката влада го признава принципот на една Кина, но прашките власти се спротивставуваат на тоа.

На вчерашната церемонија на потпишување на партнерство, градоначалникот на Прага, Зденек Хриб, рече дека и Прага и Тајпеј делат „демократски вредности, почитување на основните човекови права и културни слободи“.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе