По пукањето во Флорида, САД протеруваат 21 саудиски воен кадет

Дваесет и еден саудиски воен кадет на обука во САД ќе бидат протерани од земјата по истрагата за убиството на тројца Американци убиени од саудиски офицер кон крајот на минатата година во поморска база во инцидент што американскиот јавен обвинител Вилијам Бар во понеделникот го нарече терористички чин.

Нападот на 6 декември ги искомплицира американско-саудиските односи во време на затегнати односи меѓу САД и Иран, регионален ривал на Саудиска Арабија.

Заменик шерифот го застрела напаѓачот, офицерот на саудиските воздухопловни сили Мохамед Саед Алшамрани, во инцидент во Пенсакола.

Бар рече дека 21 кадет се „отстранети од програмата за обука“ во американската војска и дека ќе ги напуштат Соединетите Американски Држави, откако истрагата откри дека поседувале детска порнографија или профили на социјалните мрежи со исламистичка и антиамериканска содржина.

Бар на прес-конференцијата изјави дека нема докази дека кадетите однапред знаеле за нападот.

„Тоа беше терористички чин“, истакна Бар. „Истрагата покажа дека напаѓачот бил мотивиран од џихадистичка идеологија“, додаде тој.

Тој потврди дека Саудиска Арабија им дала целосна помош на американските истражители.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе