Судењето продолжува на 3 февруари

Одбраната најави 50 нови сведоци во „Монструм“, на листата Заев, Радникот, Костовски, Алексовски...

Судскиот процес за случајот „Монструм" продолжува на 3 февруари. На денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, од страна на обвинителите како дополнителни сведоци беа предложени лидерот на СДСМ Зоран Заев, свиркачот Звонко Костовски, Зоран Трајковски (лице кое го има во доказите на СЈО) и поранешниот директор на БЈБ, Лупчо Тодоровски – Радник. Семејствата на оштетените како сведок го предложија Синиша Алексовски, долгогодишен соработник за безбедност на поранешниот претседателот Ѓорге Иванов. 

Од друга страна адвокатите на обвинетите во „Монструм", најавуваат до 50 нови сведоци за оваа постапка.

Дел од сведоците ги предложивме при крај на 2019 година. Другиот список со околу 20 сведоци ќе го предложиме на 3 февруари. Ние настојуваме да се прикаже видео материјалот од Општина Илинден, каде може да се види и обвинетиот Фејзи Азири. Истото така како сведоци ќе ги предложиме и поранешниот министер Миле Јанакиевски и екс градоначалник на Општина Илинден. Имајќи предвид дека случајот се води по стариот Закон за кривична постапка, не ја исклучуваме можноста во тек на оваа постапка да предлагаме и други сведоци, изјави адвокатот Насер Рауфи.

Случајот „Монструм" го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. Кон крајот на минатата година предметот повторно го презема Основното јавно обвинителство.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе