Адвокатот на Трајковски тврди дека неговиот клиент знаел за судењето, но не добил покана

Обвинетиот Тони Трајковски знаел дека денес има закажно судење за случајот „ТНТ", рече неговиот адвокат Јовица Страшевски, но не дошол на рочиштето бидејќи немал добиено покана. 

„За Тони имаме доставено адреса на престојување и адреса според лична карта. Тони не бега. Нема уредна достава. Без разлика дали знае или не, има според закон како се известува за рочиште. Се прекршува постапката, немаат доказ за уредна покана дека е доставена", рече адвокатот Страшевски по рочиштето.

Рочиштето за незаконското рушење на „Космос" беше одложено поради отсуството на Трајковски, кој утре ќе треба да биде стражарно донесен. 

 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе