Независните пратеници предлагаат закон за намалување на загадувањето, бараат да се донесе пред избори

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието во овој состав да донесе закон за намалување на загадувањето и ги повика сите пратеници да се приклучат на иницијативата без калкулации.

Во соопштението од независните пратеници се наведува дека тие подготвиле нацрт верзија со предлози за намалување на загадувањето за најмалку 50%. Тие најавуваат работни средби со невладините организации и експертите во оваа област на кои ќе работат заедно на законското решение кое ќе опфати:

Регулирање на греењето на домовите и разгледување на можноста за воведување на забрана за греење на дрва, мазут и јаглен во урбаните средини.

Ширење на топлификациската и гасификациска мрежа во урбаните средини.

Бесплатни печки на пелети за сите домаќинства со ниски примања и субвенционирање на останатите во зависност од нивните месечни примања. Исто така да се постави и систем на субвенционирана цена на пелетите за граѓаните со пониски примања.

„Екологизација“ на сите јавни институции во државата каде нема топлификациска мрежа.

Промена на системите за греење во сите јавни и општински институции и установи со цел во државата да нема ниту една институција која се грее на дрва, мазут, нафта или јаглен.

Сите автобуси на градскиот превоз во Скопје да бидат или на метан или на електричен погон.

Да се субвенционира инсталирањето на гасни уреди кај таксистите, со цел во наредните 4 години сите такси возила или да го исполнуваат ЕУРО 6 стандардот, или да се на плин или метан.

Затоплувањето со прегорено масло или со остатоци од мебел, како и горењето на гуми да преставува кривично дело и да има посебна единица во полицијата и обвинителството која ќе ги гони сторителите на овие кривични дела.

Забрана за увоз и согорување на отпад и ригорозно казнување на оние кои оваа забрана ќе ја прекршат.

Доколку ова не се спроведе, од независната пратеничка група предупредуваат дека „на изборите ќе слушаме многу за чист воздух, а ќе ја пропуштиме 2020 год за позитивна промена кон почист воздух“.

„Ситуацијата е поразителна. Кај нас, според сите релевантни истражувања за скоро 50% од загадувањето причина е загревањето на домовите со дрва, јаглен, нафта и мазут.

Потоа како причинители се јавуваат индустријата па сообраќајот“, додаваат од пратеничката група.

 

 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе