Соопштенија

СДСМ креира и реализира мерки и политики, кои обезбедуваат просперитет за сите граѓани, пред сѐ за младите, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети, се пофали СДСМ во денешното соопштение.

25 Јануари 2020 - 09:35

Странските инвеститори ќе ја заобиколуваат Македонија, младите ќе бегаат, а Европската Унија ќе остане само желба бидејќи криминалците од власта заглавија во корупција, а институциите се само извршители на хибридниот режим, пишува во утринското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

25 Јануари 2020 - 09:28

Од помпезно најавуваниот скандал остана само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев, граѓаните повотрно ќе ги поразат политиките на лажни вести на Мицкоски, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната изјава на генералниот секретар на опозициската партија Игор Јанушев.

24 Јануари 2020 - 20:41

Сега е јасно зошто Заеви и СДСМ ревносно се борат во Собранието да се изгласа законот за опојни дроги по нивен терк, за потоа да обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи овој закон. Иако во позадина се работи за нешто сосема друго. Овде се работи за милиони и создавање на силна канабис рекет машинерија, изјави денеска Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

24 Јануари 2020 - 20:08

Практиката за предизборни вработување стана навика на политичките партии, кои ја искористуваат власта до последниот ден за купување гласови, обвинува Алијанса за Албанците во денешното соопштение.

24 Јануари 2020 - 16:26

Додека Македонија се соочува со алармантна стапка на малигни заболувања и додека соседна Бугарија ја тресат скандали за увоз на опасен отпад, координаторите на партиите во Собранието го одложија усвојувањето на забраната за увоз на отпад. Ваквото однесување е најблаго речено скандалозно, ако се земат предвид бројките кои укажуваат дека само од 2014 до 2018 година биле увезени 210 илјади тони опасен отпад, се вели во соопштението на Левица.

24 Јануари 2020 - 06:13

Зелената партија ДОМ бара итно да се изгласа измената на Законот за управување со отпад предложена од пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска. Со тоа, како што велат, ќе се забрани увоз на отпад како гориво и ќе се отстрани тој извор на загадување во време кога аерозагадувањето е многу високо, а институциите за контрола слаби.

23 Јануари 2020 - 13:26

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штетните политики кои значат блокирање на сите проекти и решенија коишто се во интерес на граѓаните, обвинува СДСМ во денешното соопштение.

23 Јануари 2020 - 10:22

СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски преку МВР на криминален начин набавува патни исправи. Скандалозниот тендер тежи околу 20 милиони евра, а целата постапка е надвор од законските процедури, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

23 Јануари 2020 - 09:15

Откако Владата и СДСМ ги искоцкаа државните и национални интереси, сега се удрија на набавка на машини за коцкање бидејќи очигледно за други работи не се ни способни, рече пратеникот Илија Димовски. 

22 Јануари 2020 - 18:46

Токму Илија Димовски кој деновиве неосновано обвинува гласал за формирање на Државната видеолотарија, реагираат од СДСМ. 

22 Јануари 2020 - 16:56

Во Република Македонија одамна функционира на дело Светотo тројство: „Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче и Габана политичари“. Кој од кој полош. Сите за правда, а правда нема. Сите за ред и поредок, а анархија цело време. Капак на сето е и случајот „Рекет“ и „Луј Витон“ торбите. Сите вмешани, а на крај сите чисти, пишува ФРОДЕМ во денешното соопштение.

22 Јануари 2020 - 10:55

Приватното-јавно партнерство за прва помош не успеа. Иако ова не е новина за министерот, во споредба со другите изјави, овој пат министерот Филипче призна дека „ приватно-јавното партнерство е сложен процес, во кој мора да учествуваат многу заинтересирани страни и претставници од Министерството за економија, финансии, други експерти". Ова не беше побарано кога министерот предложи приватно-јавно партнерство за кардиохирургија на деца, лаборатории за крвна слика, стерилизација на болничката опрема... Сите овие проекти за кои ниту физибилити студии не беа подготвени, ниту беа консултирани други министерства или експерти, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

21 Јануари 2020 - 15:09

Наместо за реформите во судството и напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за имотот на партијата. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за напредокот на државата, туку дека е против правдата, против правната државата и против неселективното владеење на правото, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

21 Јануари 2020 - 10:11

Зоран Заев се обидува да ги заплаши граѓаните дека доаѓа крајот на светот ако не се согласуваат со неговиот капитулантски договор. Тој знае дека се ближи денот кога ќе треба пред граѓаните да одговара за тргувањето со државните и национални интереси, за продажбата на јазикот и историјата. Затоа тој се служи со апокалиптични сценарија претставувајќи дека единствениот начин за преживување е неговото виткање на кичма, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

21 Јануари 2020 - 09:31

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе