Скопје

Изминатата недела, од 17 до 23 јануари, во Скопје со „пајак” се подигнати 224 возила од јавните површини. Од нив 36 биле кренати од зонските паркиралишта, а останатите 188 возила поради паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

25 Јануари 2020 - 10:28

Стар Аеродром наскоро ќе добие нов парк што ќе се протега покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло“, соопштија од Општина Аеродром.

24 Јануари 2020 - 12:23

Од почетокот на годинава скопските пожарникари изгаснале 28 огнови на отворено што граѓаните ги пријавиле како дел од кампањата „Пријави оган на отворено".

23 Јануари 2020 - 17:57

Група архитекти, експерти, невладини и граѓански иницијативи и граѓани пред три дена поднесоа иницијатива до општина Центар со која бараат распишување архитектонско-урбанистички конкурс за локацијата на поранешната фабрика „Треска". Претседателката на Советот, Јана Белчева Андреевска, на вчерашната седница ја раздели оваа иницијатива и побара од советниците да ја поддржат.

21 Јануари 2020 - 16:02

Општина Кисела Вода ги реализира заложбите за подобрување на условите за децата во градинките.

21 Јануари 2020 - 14:22

Довчерашниот директор на скопската депонија Дрисла Горан Ангелов смета дека не е случајно тоа што токму сега се објави аферата со наводно опасниот отпад во Бугарија од фирма во која е и тој коспопственик и тоа што токму денеска се трансформира Дрисла од ДОО во ЈП и ќе биде сменет и тој од директорската позиција.

21 Јануари 2020 - 07:16

 Уништена е дел од опремата околу соларното дрво на Кејот на Вардар во општина Карпош. Скршен е ормарот во кој се сместени уредите, при што е украдена внатрешната опрема и батериите за работа на ова соларно дрво (полнење на електрични тротинети и други е – уреди).

20 Јануари 2020 - 14:24

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов рече дека се создадени услови да биде разрешен сегашниот директор на „Дрисла" и именуван нов в.д. директор.

20 Јануари 2020 - 14:15

По завршувањето на зимскиот распуст на учениците јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред. Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, тој беше редуциран.

20 Јануари 2020 - 13:21

Нови 13 возила кои ќе служат да се подобри службата за домашна посета и патронажа од денеска се ставени во функција во Здравствениот дом – Скопје.

20 Јануари 2020 - 10:54

Непознати сторители деновиве скршиле и опожариле десетина нови корпи за одлагање ситни отпадоци во Старата скопска чаршија. Овие корпи ЈП Комунална хигиена-Скопје ги постави во октомври 2019 година на барање на Здружението на занаетчии на чаршијата за да се подигне нивото на хигиената на оваа фреквентна туристичка локација во центарот на градот.

20 Јануари 2020 - 06:33

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров. 

19 Јануари 2020 - 19:49

Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води. 

19 Јануари 2020 - 13:06

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден.

19 Јануари 2020 - 09:38

Поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром.

19 Јануари 2020 - 09:27

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе